Ексминистерот за финансии Драган Тевдовски и неделата ја искористи да трча на кеј на Вардар. Но, ова е секојдневна рутина на Тевдовски, а оние што го познаваат, велат дека е во одлична кондиција и дека е екстрабрз.
Не е тајна дека тој одамна се занимава со оваа работа и дека отсекогаш бил вљубеник во спортот.
Уште додека беше министер за финансии беше најбрз на Бизнис трката покрај Вардар во Скопје во 2018 и тогаш освои златна штафета. Друштво на патеката тогаш му правеше неговиот колега Бранимир Јовановиќ. Но, неретко трчаше и со ексминистерот за здравство Венко Филипче.
Тевдовски трчаше една зима и на Дедомразовска трка на која учесниците трчаа облечени во костуми на Дедо Мраз. Исто така беше дел од учесниците во трката „По стапките на Крали Марко“, настан кој се одржуваше во Прилеп. Тогаш трчаше под реден број 525 по патеката Камена Баба која е долга 31 километар и која спаѓа во потешките патеки.
(А.Г.)