„Каде си тргнала малечка, уште не сум завршил со тебе“- сопругата на селектрот Мрме се опоравува од ковид

пред 3 години

По победата над Германија во Дуизбург,   селекторот Игор Ангеловски – Мрме  раскажа дека дека за цело време бил по доплнителен притсокот низ мартовскиот собир затоа што нековата  сопруга Тања  била во болница заразена со коронавирус.

„Што да ви кажам. Не можам ништо посебно, од емоција, од среќа. Знам дека ги направивме сите во Македонија среќни. Дојдов со овие момци тука затоа што ми ветија дека ќе победат“ – рече по Ангеловски. И додаде: Мојата сопруга лежеше во болница поради Ковид-19. За среќа, сега е подобро. Децата ми даваат поддршка, им благодарам на сите. Што да кажам повеќе, единствено да заплачам“, рече тој.

Вчера пак на социјалните мрежи се огласи и Тања Ангеловска, сопругата на Игор Ангеловски која на својот Фејсбук профил .

„Сакам да ви честитам за победата над четирикратниот светски првак Германија. Две децении без пораз, а таа серија токму Македонија да ја прекине е Репект. Некои од играчите  овие пет години пораснаа во очите на Игор Ангеловски па од голобради момчиња станаа мажи, татковци за прв пат горди и одважни свесни за уникатноста на нивните карактери. Сите овие момци се предводени од капитенот Горан Пандев, маркантна фигура, далеку пред своето време.

Никогаш нема да ги заборавам овие Квалификации и периодот низ кој поминував заедно си моето семејство. Неканет гостин кој ви го зема здивот. Се’ уште ми одѕунуваат зборовите на мојот сопруг, вечерта кога во полусвесна состојба ги добив резултатите од снимката на белите дробови и крвните анализи. „Каде си тргнала малечка, јас се уште не сум завршил со тебе? Ти благодарам за секој миг поминат заедно со тебе и нашите деца, разбирање и поддршка, без оглед на се’. Благодарам за тоа што ја сакаш мајката на твоите деца“, рече Ангеловска, која се’ уште се опоравува од короната.

 

Share
Scroll to Top