Во новата сезона на „Симпсонови“ е убиен еден од важните ликови од серијата

Во новата сезона на „Симпсонови“ е убиен еден од важните ликови од серијата

пред 1 недела

Серијата „Симпсонови“ која со голем успех се емитува повеќе од триесет години, во новата епизода остана без еден од своите постојани ликови , Лери – редовен гостин во ‘Moe’s Tavern’, а Хомер, Мо, Лени и Карл присуствуваа на неговиот погреб.

Тие сфаќаат дека знаеле многу малку за нивното познанство, а Хомер се прашува дали тие можеби се „ужасни луѓе“, особено откако мајката на Лери ги нарекува негови „најдобри пријатели“.

Потоа, четворката од таверната има задача да ја однесе пепелта на Лери.

Иако беше тивок лик кој немаше централна улога во серијата, Лери е редовен гостин во ‘Moe’s Tavern’ уште од првите епизоди во 1989 година, што ја прави неговата смрт значајна за многу фанови на „Симпсонови“, пишува NME.

Инаку, ова е 35-та сезона на „Симпсонови“, а потврдено е дека ќе се снима и следната.

Share
Scroll to Top