Короната драстично го смени и животот и сексот па секс онлајн стана начин на живеење за многумина ширум светот. Доказ за тоа е големата онлајн оргија на која учествувале 5.000 луѓе од целиот свет.
Истражувањата во Велика Британија покажуваат дека луѓето, и покрај сите лоши последици од пандемијата, се повеќе се расположени за секс, дури 39 проценти од паровите велат дека би сакале да пробаат нешто ново.
И излегува дека свингер-забавите се на врвот на листата на сексуални фантазии.
Бидејќи тие се моментално невозможни поради различни ограничувања, една компанија излезе со идеја да организира оргии „Зорги“ преку Зум.
И тие започнаа да заработуваат огромни пари затоа што интересот ги надмина сите очекувања.
Секоја недела се распродадени сите 5.000 билети кои чинат 30 евра.
Правилата се едноставни: камерата мора да биде вклучена во секое време, а две работи се строго забранети – нема снимање и сите учесници мора да носат маски.
Исто така, пред почетокот на „групата“, секој потпишува договор за доверливост, но надвор од тоа, всушност, сè е дозволено и може да ја оставите вашата фантазија да работи.
Специјален тим од луѓе ја следи ситуацијата и дали сите ги почитуваат правилата.
„Дури и по 20 години брак, нашиот секс е одличен, а имавме секс и по пет пати неделно. Но, сакавме да пробаме нешто ново и веднаш ни се допадна идејата за виртуелна оргија “, признава Ди (41), домаќинка од Глазгов, која учествувала во овој необичен перформанс со сопругот Сајмон.