Во сон почина тапанарот и основач на бендот „Слипкнот“

Во сон почина тапанарот и основач на бендот „Слипкнот“

пред 3 години

Поранешниот тапанар на алтернативниот метал бенд „Слипкнот“ Џои Џордисон почина на 46-годишна возраст.

Во изјавата на неговото семејство се вели дека тој починал во сон. Причината за смртта сè уште не е позната, пишува Би-би-си.

Џордисон беше еден од оригиналните членови на „Слипкнот“, а бендот го формираше во 1995 година со Шон Крехан и Пол Греј. Со „Слипнкнот“, Џордисон настапи на четирите студиски албуми и го продуцираше албумот во живо „9.0: Live“.

Џордисон остана во групата до 2013 година.

Во подоцнежните години, тој открил дека заминал откако му бил дијагностициран попречен миелитис, форма на мултиплекс склероза.

Откако се дозна за смртта на Џордисон, Кори Тејлор, главниот вокал на „Слипкнот“, објави црни фотографии на своите профили на социјалните мрежи.

Share
Scroll to Top