„Врба“ на Манчевски е македонскиот кандидат за „Оскар“ за 2021 година

пред 3 години

Филмот „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски е македонски кандидат за „Оскар„ за 2021 година. Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата за најдобар долгометражен интернационален филм во склоп на Друштвото на филмските работници на Македонија, го избра филмот кој беше во конкуренција со филмовите „Ефектот на среќата“ во режија на Борјан Зафировски, „Исчезнатиот“ во режија на Арбен Тачи, „Кеиф“ во режија на Блаже Дулев и „Незо“ во режија на Мерита Чочоли.

Комисијата се состои од Игор Иванов – режисер и претседател на Комисијата, Дејан Лилиќ – актер, Тамара Котевска – режисер, Самир Љума – кинематографер, Мартин Иванов – монтажер, Иван Ѓоршев – мајстор на светло и Сања Арсовска – актерка, прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.

Поради глобалната пандемија предизвикана од Ковид-19, Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука објави дека 93-та церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи во недела, 25 април 2021 година, во Лос Анџелес.

 

Share
Scroll to Top