Наставнички се степале во школо во Кавадарци

Наставнички се степале во школо во Кавадарци

пред 2 години

Вчера се степале две наставнички од основно училиште во Кавадарци на возраст од 53 и 54 години во школската канцеларија.

Според билтенот на СВР Велес, 54-годишната Д.К.А. пријавила во полиција дека околу девет часот била физички нападната од нејзината колешка, 53-годишната З.К. во канцеларијата во Основното училиште ,,Тошо Велков – Пепето” во Кавадарци.

Од МВР велат дека сè уште нема официјален податок за причината на настанот помеѓу наставничките. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top