Златна бубамара на популарноста се враќа во живот на големата сцена во Арената „Борис Трајковски“. Добра музика, смеење и незаборавни емоција и овој пат се највени за јубилејната 25. Златна бубамара ќе се одржи на 12 мај .
Традиционално и оваа година на сцената ќе се појават најголемите музички имиња од Македонија и регионот, наградите и сценариото како и секогаш се чуваат во тајност, а според организаторот ќе има што да се види.
Мото на овогодишнато јубилејно издание е „Да оживееме“ со сие негови модификации од „Да живнеме малку“ до „Живот после животот“ и „Живот за време на живот”. Информација околу продажбата на билети ќе биде соопштена во текот на следната недела.