Вучиќ им вети милион евра на фудбалерите, ако ја победат Португалија и одат директно на Светско

Вучиќ им вети милион евра на фудбалерите, ако ја победат Португалија и одат директно на Светско

пред 3 години

Српскиот претседател Владимир Вучиќ им вети на фудбалерите премија од милион евра ако ја победат Португалија во последното коло. Србија и Португалија ќе одлучат кој ќе оди директно на Светското првенство во Катар.

По синоќешното реми на Португалија кај Ирците, меч кој заврши без голови, Србите сега имаат голема предност со победа да си осигураат директен пласман. Фудбалерите на Србија вечерва тргнаа за Лисабон, а пред заминувањето Вучиќ им одржа говор и им ја вети наградата.

„И да ги победиме во Португалија. Видете, не се плашам од тоа ако има поинаков резултат, и онака ќе ме нападнат. Вие таму среќно отпатувајте, победете ги таму, развеселете го народот. Дојдов да ви кажам колку ги почитуваме вашите напори на терен, согорувањето и во договор со Владата на Србија ќе издвоиме за вас, како дополнителна премија ако ги победите, милион евра за да си ги поделите. Само да видите колку и е важно на Србија да ги победите таму. Не можам да ви кажам да одите таму и да играте, ви велам да одите таму и да победите. Ќе го почитуваме секој резултат доколку дадете се` од себе“, рече Вучиќ.

Share
Scroll to Top