Чешката двократна светска шампионка во биатлон Габриела Кукалова, се најде на насловната страна на магазинот „Плејбој“. 31 годишната Кукалова, во 2014 година ѝ го донесе на Чешка првото злато на светските првенства во биатлон.
По повлекувањето од спортот, таа сега е активна на социјалните медиуми, а неодамна позираше за славниот „Плејбој“. Кукалова вели дека фотосесијата ја направила поради хуманитарни цели.
Од провокативните фотографии ќе биде направен календар за 2021 година, а целиот приходот од продажбата ќе биде наменет за потребите за гладните и лицата со нарушена исхрана во светот.




