(Галерија) Корсети, панталони и фустни во силни бои: Модна реавија на Митко Занов

(Галерија) Корсети, панталони и фустни во силни бои: Модна реавија на Митко Занов

пред 3 години

Дизајнерот Митко Занов вчеравечер имаше модна ревија во Музејот на современа уметност која е дел од модниот настан ЕXPO .30. На ревијата со наслов Origin претстави 15 креации, комбинација од постоечки модели преработени во ново руво и нови модели како најава за идните проекти.

Колекцијата корсети, панталони и фустни е дополнета со модни додатоци: рачно изработени  ракавици, модни украси за глава, проѕирни шешири, асесоари од пердуви.

Во моделите доминираат силни бои: жолта, црвена, розова, но и белата и црната боја, а облеката е изработена од кожа и еко кожа, трико, чоја и тул…
Дизајнерот Митко Занов, кој го формира модниот бренд “Занов” пред 6 години, завршил студии на факултетот за Дизајн и мултимедија на ФОН. Првата ревија ја одржа на Моден викенд Скопје 2015 година. Оттогаш има претставено десет колекции. Сите модели ги изработува рачно, без машина за шиење.


Моделите на Занов ги носеа манекенки од Моделс Ин, а во публиката беа Надица Георгиева и Иво Јанковски, Лара Иванова, Теа Трајковска. Ревијата на Занов е една од дедетте ревии што се одржаа на Експо .30 . Ревии имаа и Кокев, Росица Мршиќ, Никола ЕФтимов, Јована Филиповиќ.

Андријана Јовановска 

Share
Scroll to Top