Две креации на македонскиот моден дизајнер Златко Јовановски, се најдоа во модниот едиторијал на магазинот „Космополитан“, едно од најпродаваните и најреномирани списанија за мода во светот. Ова е нов успех за креаторот, откако пред неколку недели, светската ѕвезда Ава Макс носеше негова креација за насловната на списанието Her World Magazine.
„Моите креации овојпат ги има во ‘Космполоитан’. Лицето од насловната носи креации од JZJ by Zlatko Jovanovski во модниот едиторијал на списанието“, вели популарниот дизајнер, кој сè почесто го има и на светската модна сцена.
За потсетување, на крајот на 2018 година, креации на Јовановски беа избрани за снимање на краткометражен моден филм, направен од стилистите на популарниот пејач Тајга, познат и како поранешниот дечко на Кајли Џенер.