(Галерија) Низ прстен те гледам, во срце да ти влезам: Илчо и Елена се венчаа, а Галичка свадба пак ги спои културата и традицијата

(Галерија) Низ прстен те гледам, во срце да ти влезам: Илчо и Елена се венчаа, а Галичка свадба пак ги спои културата и традицијата

пред 2 години

Посетители од цела Македонија дојдоа во Галичник за уште еднаш да бидат дел од најголемата традиционална свадба. 30 обичаи и стотици статисти за вистински впечаток беа дел традицијата,  инспирирана од желбата на жителите на Галичник обичаите на мијаците да ги сочуваат од заборав.

Галички зет и невеста годинава беа Илчо Димитров и Елена Дуровска, а покрај нив, во црквата „Свети Апостол Павле“ се венчаа и Искра Блажевска и Марко Бекриќ.

Свадбените активности, почнаа во саботата со поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на фрлање три пушки од куќата на зетот. Потоа беа изведени свадбарските ритуали пречек на топаните, свекрвата го одигра свекрвиното оро, а членовите на „Фолклорни бисери“ од Скопје го одиграат орото „Тешкото“.

Исто така, на платото пред опеаната чешма Упија беа одиграни „Невестинското“, „Манукот“ и други ора. Венчавањето на младенците се одржа во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“, а свеченоста заврши со чинот на испраќање на тапанџиите и зурлаџиите.

„Низ прстен те гледам, во среце да ти велзам“, и оваа година потсети на традицијата, кога невестата низ прстен го гледа младоженецот кога тој доаѓа пред нејзиниот дом.

Посебна атракција беше уникатната невестинската носија со богатиот вез распореден на ракавите и на предниот дел од кошулата. Годинешниот галички зет Илчо Димитров во текот на свеченостите ја носеше личната народна носија на легендарниот Александар Сариевски.

Галичката свадба почна на 15 јули вечерта, со јубилеен концерт посветен токму на великанот на народната песна Сариевски. Тој е роден во Галичник, а годинава се навршуваат 100 години од неговото раѓање и 20 години од неговата смрт.

Галичка свадба е меѓу деветте фестивали во Европа кои мора да се видат. Со ваков наслов и влијателниот „Њујорк тајмс“ во 2019 ја препорача Галичката свадба.

 

Share
Scroll to Top