(Галерија) Сопругата на Коби Брајант ѝ ја исполни желбата на ќерка ѝ и ја донесе во Дубровник

(Галерија) Сопругата на Коби Брајант ѝ ја исполни желбата на ќерка ѝ и ја донесе во Дубровник

пред 3 години

Сопругата на легендарниот НБА кошаркар, Коби Брајант, Ванеса, заедно со нејзините деца се на одмор во Хрватска, во Дубровник. Тие пристигнаа во друштво на шпанскиот кошаркар Пау Гасол.

Гасол со Коби беа долго време добри пријатели и соиграчи во тимот на Лос Анџелес Лејкерс, а пријателството на нивните сопруги продолжи до ден денес. Ванеса рече дека во Дубровник се на одмор заради нејзината ќерка Наталија, чија желба била да го посети градот.

„Наталија требаше да ја посети Хрватска на едно од нејзините средношколски патувања, но, поради пандемијата со коронавирусот, истото беше откажано“, рече Ванеса.

За потсетување Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиана загинаа во хеликоптерска несреќа во јануари минатата година. Тој зад себе ги остави сопругата Ванеса и уште четири ќерки.

Share
Scroll to Top