(Галерија) Спортисти, бизнисмени, музичари на промоција кај Кире Лазаров кој ја објави автобиографијата „Секогаш на победа“

(Галерија) Спортисти, бизнисмени, музичари на промоција кај Кире Лазаров кој ја објави автобиографијата „Секогаш на победа“

пред 2 години

Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров, вчера во „Александар Палас“ ја промовираше автобиографската книга „Секогаш на победа“. Во соработка со српскиот новинар Жика Богдановиќ, во книгата Лазаров ја раскажува својата ракометна и животна приказна.

На промоцијата Кире откри дека решил да објави книга пред крајот на неговата кариера за читателите да можат да прочитаат работи кои досега не ги знаеле за него, возбудливи моменти и детали за ракометот и за неговиот приватен живот.

„Ми требаше многу храброст и сила за да ги кажам работите на овој начин. За првпат еден македонски спортист се охрабрил да напише автобиографија и тоа го направив со многу страст. Сите Македонци знаат многу работи за мене, но, во книгата ќе може да прочитате многу работи кои не сте ги знаеле“, рече капитенот и селектор на македонската репрезентација.

На промоцијата дојдоа многу пријатели, колеги на Кире, бизнисмени и музички ѕвезди. Меѓу гостите беа и Пепи Манасков, Тимур Дибиров, Каролина Гочева, Симон Трпчевски, претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов и други.

За потсетување, Лазаров својата кариера ја почна во „Пелистер“, а потоа играше за Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона и Нант. Тој неодамна најави дека во францускиот клуб ќе ја заврши својата кариера на крајот на оваа сезона.

Share
Scroll to Top