(Галерија) Стотици фанови ги пречекаа фудбалерите на скопскиот аеродром

(Галерија) Стотици фанови ги пречекаа фудбалерите на скопскиот аеродром

пред 3 години

Македонските репрезентативци денеска околу 14 часот, од Амстердам слетаа на скопскиот аеродром. Таму ги пречекаа стотина фанови, кои се сликаа со нив, земаа автограми и им честитаа на добрата игра и настап на Европското првенство и покрај тоа што ги изгубија сите натпревари.

„Вие сте нашите херои“, „Горан не се пензионирај, остани до Светско“, им рекоа на аеродромот и ги испратија со силни овации. На аеродромот заедно со фановите беа и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски и претседателот на Кошаркарската федерација, Перо Антиќ.

За потсетување македонските фудбалери претрпеа три порази во групата Ц, од кои два во Букурешт од Австрија (1:3) и од Украина (1:2), а синоќа загубија од Холандија во Амстердам со 0:4.


Фото/Екипа/Дриблинг

 

Share
Scroll to Top