(Галерија) Супер модерни идеи за велигденските јајца

(Галерија) Супер модерни идеи за велигденските јајца

пред 4 години

Оние што го празнуваат Велигден, веќе сигурно размислуваат за тоа како годинава да им изгледа празничната трпеза и како да ги бојадисаат јајцата, а да бидат необични и впечатливи.

На пример, јајцата можете да ги декорирате со шишарки. Потребни ви се стари шишарки и лепак.

Можете да направите и морков јајца, со тоа што ќе ги бојадисате во портокалова боја, а горе ќе залепите зеленило или ленти зелен колаж.

Уште една идеја е да залепите пердуви и да ги распределите на начин на кој вам ви се допаѓа.

Децата можете да ги израдувате во јајца што личат на сладолед во корнет за што ви е потребно само боја и четка.

Или, да направите јајца во вид на лубеници.

Секако, ако ве бидува за цртање, тогаш идеите за да им дадете лик се безбројни.