(Галерија) Цел џет-сет дојде кај Бијонсе на роденденска журка

(Галерија) Цел џет-сет дојде кај Бијонсе на роденденска журка

пред 2 години

Бијонсе го прослави 41.роденден во вила во Бел Ер и направи гламурозна забава со најпознатите ѕвезди, пејачи и актери.

dobivaj vesti na viber

На роденденската журка била и популарната  ѕвезда на реалното шоу Ким Кардашијан и нејзината помлада сестра Клои Кардашијан. На забавата била и ќерката на популарниот актер Џони Деп, Лили-Роуз Деп, која публиката наскоро ќе може да ја гледа во шесте епизоди на серијата на HBO, The Idol.

Меѓу гостите бил и четирикратниот добитник на Греми, Дрејк, кошаркарот Тристан Томпсон, 15-кратната добитничка на Греми, Адел, пристигнала на забавата со нејзиниот партнер Рич Пол.

Меѓу гостите била и мајката на Бијонсе, Тина Ноулс, пејачката Кели Роуланд, сопругата на трагично загинатиот кошаркар Коби Брајант, Ванеса Брајант, модниот дизајнер Оливие Рустинг, актерката Габриел Јунион, ќерката на Вил Смит, пејачката Вилоу Смит, актерката Меган Фокс и многу други.

Share
Scroll to Top