Џенифер Лопез ќе се појави на насловната страница на американскиот магазин „Вог“, за кое и дала интервју прво по бракот со актерот Бен Афлек.
Џеј Ло направи фотосесија за насловната страница во парчиња од восоката мода на Ени Лебовиц.
Во интервјуто пејачката зборува за бракот со актерот, на прашањето дали некогаш би сакала Афлек да го земе нејзиното презиме, таа одговорила, „Не! Тоа не е традиционално. Нема никаква романса во тоа“. Лопез зборуваше за повторното поврзување со Афлек, со кого беше свршена во раните 2000-ти пред да се разделат. Тие повторно започнаа романса и се венчаа. Направија свадба во Џорџија за пријателите и семејството.
„Секогаш се чувствував како да има вистинска љубов таму. Луѓето во мојот живот знаат дека тој беше многу, многу посебна личност во мојот живот. Кога повторно се поврзавме, тие чувства кон мене сè уште беа многу реални“, изјавила Лопез.