Партнерката на Кристијано Роналдо, Георгина се лути што не го пуштаат да игра за репрезентацијата цел натпревар. Португалија синоќа ја победи Швајцарија со 6:1, а Роналдо не беше во почетните единаесетмина. За разлика од првиот пат, кога со воодушевување го гледаше, овојпат ѝ беше досадно, пренесоа медиумите.
„Честитки до Португалија. Штета што не можев да го гледам најдобриот фудбалер на светот сите 90 минути. Обожавателите не престанаа да го викаат неговото име. Се надевам дека Господ и неговиот драг пријател Фернандо ќе ни помогнат да блеснеме уште една ноќ“, рече Георгина.
За потсетување, Георгина на првиот натпревар на трибините се појави во затворена кошула. Овој пат облече фустан со длабоко деколте. Со црно зелена комбинација носеше и парчиња скапоцен накит и торба од брендот Chanel.