Состојки медењаци: 150 гр лешници, 150 гр бадеми, 3 јајца, 100 гр кафеав шеќер, 90 гр кора од портокал, 90 гр кора од лимон, 3 лажици мед, 1 прстофат сол, 3 лажички зачин за медењаци, 1 лажичка рендана кора од лимон, 20 коцки од обланда од 70 мм
За глазурата: 120 гр темно чоколадо, 80 гр шеќер во прав, малку вода или сок од лимон
Подготовка:
Сомелете ги лешниците и бадемите. Накратко изблендирајте ги кората од лимон и портокал. По потреба додадете малку брашно за да не се залепи.
Измешајте ги јајцата, шеќерот, малку сол и медот додека не се раствори шеќерот. Додадете бадеми, лешници, 3 лажички зачин од медењаци и кора од лимон, кора од лимон и портокали. Измешајте, па покријте ја смесата и ставете ја во фрижидер 10 до 12 часа. Загрејте ја рерната на 160°C. Превртете кригла наопаку и врз неа ставете една обланда, малку фил и рамномерно распоредете ја на висина од околу 2 см. Наредете ги колачињата на плех обложен со хартија за печење, потоа оставете ги во фрижидер 10-15 минути. Потоа печете ги медењаците околу 20 минути (во зависност од рерната). Внимавајте на нив за да не изгорат. Оставете ги да се изладат.
За глазура растопете го чоколадото. Во друг сад измешајте шеќер во прав со малку вода и сок од лимон додека не добиете густина на тестото за палачинки. Дел од медењаците премачкајте го со чоколадо, а дел со глазура од шеќер. Задолжително добро да го покриете секое колаче за да остане сочено.