Гечевски е новиот спортски директор на КК „Работнички“

Гечевски е новиот спортски директор на КК „Работнички“

пред 12 месеци






Тодор Гечевски официјално е новиот спортски директор на КК „Работнички“. Поранешниот репрезентативец денес на прес-конференцијата рече дека со новото раководство очекува победа на квалификацискиот турнир за ФИБА Евро купот во Скопје кое ќе трае од 2 до 5 октомври.

По неколкугодишна пауза, тимот од Центар сезонава повторно ќе игра во квалификациите за ФИБА Евро куп но со ново засилување. Тодор Гечевски се враќа во тимот каде што ја заврши својата кариера но како нов спортски директор на КК „Работнички“. Ова засилување на тимот верувам дека ќе донесе нова свежина и победа и на домашната и меѓународна сцена. Верувам дека на целата спортска јавност и недостасуваа моментите на навивање, бодрење и целата таа возбуда и желба за победа. Се надевам дека Црвено-белите повторно ќе го вратат некогашниот сјај и ќе се вратат на победничките патеки“, изјави Герасимовски.

Инаку Гечевски се враќа во тимот каде што ја заврши својата кариера, тој беше дел од младинската школа, а сега веќе ќе има поголема функција.






Share
Scroll to Top