Гитарата со која Ерик Клептон свиреше во 1970 година на концерт во живо со неговата група Derek and the Dominos, е продадена на аукција во петокот во Њујорк за цена од 625.000 долари, објавија од аукциската куќа Julien’s.
Вредноста на акустичната гитара Martin D-45, првично била проценета на 300.000 до 500.000 долари. Нејзината цена и понатаму е пониска од рекордната цента постигната за гитара продадена на пазарот. Станува збор за полуакустичната гитара на Курт Кобаин, со која фронтменот на „Нирвана“, свиреше на концертот на MTV Unplugged, во 1993 година.
На аукцијата одржана од Julien’s Auctiona, одржана во 2020 година, оваа гитара беше продадена за 6 милиони долари.