Глумица Марибел Гардија го пронашла синот мртов

Глумица Марибел Гардија го пронашла синот мртов

пред 1 година

Младиот пејач Хулијан Фигер, синот на познатата глумица од Костарика Марибел Гардија и мексиканскиот пејач и композитор Хоан Себастијан е пронајден мртов. Веста за неговата смрт ја потврди и Гардија која го нашла во неговата соба без свест.

Веднаш повикала итна помош и полиција, кои кога дошле констатирале смрт. Фигер имал само 27 години, а истрагата подоцна покажала дека починал од срцев удар, кој настанал од непознати околности.

Марибел објави дека погребот ќе се одржи во најтесен круг на луѓе од семејството и ги замоли фановите да ја почитуваат нивната приватност. Фигер играл во хит серијата Mi camino es amarte и сериите Come dice el dicho и Por Siempre Joan Sebastian, во кој го глумеше сопствениот татко.

Татко му почина во 2015 година на 65 години.

 

Share
Scroll to Top