Година полна радост и солзи: Нора го прослави роденденот на синот

Година полна радост и солзи: Нора го прослави роденденот на синот

пред 3 години

Директорка на Театар Комедија, Нора Шаќири пред точно една година стана мајка на синот Ијан. Тој е прво дете на Нора и нејзиниот сопруг Марко Марковиќ.

Нора за роденденот на Ијан сподели ретроспектива од фотографии, од моментот на раѓањето па до денес.

„Ијан, твоето име значи љубов. Година полна со радост, солзи, непреспиени ноќи, насмевки“, напиша таа.

„Те родив бидејќи бог ме награди, те чувам и ќе те чувам додека дишам сине мој. Ти ме направи подобар човек, ти ми ги отвори сите врати, ми покажа што е неизмерна љубов, пожртвуваност, среќа. Да си ми здрав и жив, насмевката да ти биде заштитен знак, а мама и тато секој ден ќе ти го прават посебен. Среќен прв роденден бисеру мој“, додаде Нора.

Лани во разговор за „Репорер“, Нора ни раскажа за првите денови од мајчинството, и дека иако велигденските празници ги прославиле сами тројцата, сепак тој бил најубавиот Велигден за неа.

„Да бидам искрена, добро се снаоѓам уште од почетокот. Всушност, јас и Марко, правиме се сами околу бебето. И одлично ни оди. Иако, морам да признаам дека имам помош и од мајка ми и од мајката на Марко, па тие две се логистика околу Ијан. За Велигден бевме само ние тројца, јас, Ијан и Марко, но ова беше најубавиот Велгиден за мене, прв со бебе. Ние тројца си поминавме најубаво, со свечен ручек велигденски, многу љубов, сонце, музика и радост“, изјави тога Нора за „Репортер“.

 

 

„Ова беше мојот најубав Велигден“, Нора Шаќири за првите денови од мајчинството

Share
Scroll to Top