Голманот Столе Димитриевски доби пиво од Меси

Голманот Столе Димитриевски доби пиво од Меси

пред 3 години

Голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски доби пиво за подарок од фудбалерот на Барселона Лионел Меси.

Спонзорот на Меси „Бадвајзер“, направи специјална серија на пива, за сите голмани кои имаат примено гол од Аргентинецот. Меси има дадено за Барселона 644 голови и исто толкав број на пива беа испратени за голманите.

Тие добија пиво со редниот број од голот на Меси. Оние кои имаа примено повеќе од еден гол, добија повеќе пива. Меси ја затресе мрежата на Столе Димитриевски, на мечот меѓу Барселона и Рајо Ваљекано.

Share
Scroll to Top