Гордана Нацева ќе биде ракометен амбасадор на Европското првенство за жени во Македонија

Гордана Нацева ќе биде ракометен амбасадор на Европското првенство за жени во Македонија

пред 2 години

Поранешната ракометна репрезентативка Гордана Нацева ќе биде македонски амбасадор на претстојното Европско првенство што ќе се игра во Македонија, Словенија и Црна Гора од 4 до 20 ноември годинава. Нацева е избрана од страна на Ракометната федерација на Македонија. а освен неа амбасадори ќе бидат и Катарина Булатовиќ во Црна Гора и Ана Грос во Словенија.

dobivaj vesti na viber

„Чест ми е и задоволство, но и одговорност да бидам амбасадор на ракометот. Секогаш сум сакала да ја претставувам мојата земја во вистинско светло. Се надевам дека ќе успееме, во резултатски но и од организациски аспект. На прав пат сме, се надевам ќе останеме каде што сме“, рече Нацева откако беше промовирана за ракометен амбасадор.

Македонската женска репрезентација ќе игра во група со Холандија, Романија и Франција. Сите натпревари во Скопје ќе се играат од 18 часот.

ЕП годинава ќе се игра во четири града – Скопје, Подгорица, Целје и Љубљана.

Share
Scroll to Top