Актерката Џенифер Анистон ги воодушеви своите фанови, над 42 милиони на Инстаграм, откако објави ново видео во кое ја покажува својата рутина за тренинзи. Ѕвездата од серијата „Пријатели“ има 54 години, а обожавателите и упатија комплименти и честитаа за младешкиот изглед и физичката подготвеност.
Во видеото таа е облечена во топ и црни хеланки. Во описот, Анистон се пофали дека сега е дел од тренинг тимот и со гордост ги поддржува талентираните тренери.
Обожавателите не можеа, а да не го забележат беспрекорното и затегнато тело, но и не можеа да поверуваат дека тоа е телото на 54-годишната жена.
„Боже, драга Џенифер, како можеш да продолжиш да стануваш се поубава и поубава?“, „Се шегуваш?- Не можеш да имаш 54 години!!!“, се дел од коментарите.
„Извинете, госпоѓо. Имате тело кое секој го посакува. Јас сум во моите 20-ти и никогаш не сум видела мускули на мојот стомак!!! Ти благодариме што им покажавте на жените од сите возрасти дека е потребна работа и доследност!“, „Времето се движи напред, но таа се движи наназад“, „Господ е жена, а нејзиното име е Џенифер Анистон“.
Ова не е прв пат популарната актерска ѕвезда да биде пофалена на социјалните мрежи за нејзиниот изглед.