Албанскиот градоначалник Сафет Ѓици беше разрешен од владата поради секс афера. Разрешувањето следеше откако во јавноста беше објавено видео од Сафет со девојка во неговиот кабинет.
„Владата донесе одлука за итно разрешување на градоначалникот на Кукс. До распишување на предвремени избори, Владата деновиве ќе назначи вршител на должноста“, рече министерката за финансии и економија Делина Ибрахимај.
Ѓици рече дека поднел самиот оставка и дека подолго време бил во интимна врска со девојката. За информацијата дека е разрешен рече дека станува збор за политички пресметки од политичките противници но, сепак, додаде дека е негов непромислен чин.
Во меѓувреме Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, (СПАК) започна истрага против него, бидејќи делото се случило во службените простории.
За потсетување, Ѓици на локалните избори, како кандидат на владејачките социјалисти, беше реизбран за градоначалник на Кукс со 11.632 гласа наспроти неговиот против кандидат Адмир Синамати од опозициската изборна коалиција „Победуваме заедно“, кој освои 9.592 гласа.