Градоначалници, моторџии, музичари на промоција на новиот албум на „Некст тајм“

пред 2 години

Синоќа во хотел „Мериот“, браќата Мартин и Стефан од „Некст Тајм“ синоќа имаа концертна промоција на нивниот нов музички албум насловен „Мајка“. Познатите близнаци одржаа мини концертна изведба на албумот и испеаа дел од песните кои се наоѓаат на овој албум.

var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);

Публиката се забавуваше на неколкуте преработки на македонски народни песни. Некст Тајм ги испеаа „Слушам кај шумат шумите“, „Нешто ќе те питам бабо“, „Кога падна на пирина“ и други. На сцената со нив настапи и Влатко Лозановски и заедно ја испејаа „Ја излези Ѓурѓо“ и уште повеќе ја подгреаа атмосферата.

Во публиката имаше на музички ѕвезди и политичари. Меѓу нив беа Перо Георгиевски Камиказа, а од политичарите можеше да се видат, градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и поранешниот пратеник Илија Димовски и претседателот на мото-клубот „Ноќни волци“ Ленин Јовановски.

„Овој албум го крстивме „Мајка“, по нашата мајка, а потоа и по Македонија“, рекоа браќата Стефан и Мартин, кои на сцената ја повикаа и нивната мајка. „Мило ни е што ве има во голем број на луѓе кои ја почитуваат македонската музика“, рекоа браќата „Некст Тајм“ со Лозано.

За потсетување, албумот има девет композиции, дел од нив веќе објавени, а во него ќе има и една бонус лента за песната „Ја излези Ѓурѓо“, којашто е во ново руво и во дует со популарниот пејач Влатко Лозаноски – Лозано.

Инаку, „Некст тајм“ на овој албум работеле долг период под палката на композиторот Николче Мицевски, додека, пак, истиот е снимен и мастеризиран во „XL studio Momiroski“.

 

 

 

Share
Scroll to Top