И покрај бенефитите како длабинската хидрација, маската за коса може да предизвика и негативни ефекти, доколку не се користат правилно.
Покрај тоа што можете да ја замастите косата, некои маски влијаат и врз кршење на влакната или на нивното сушење. Од таа причина, мораат да се користат внимателно, особено доколку сакате да ја регенерирана, здрава и сјајна коса.
Во продолжение ви откриваме во што најчесто грешиме кога маските за коса се во прашање.
Не ги плакнете добро
Во прашање е една од најчестите грешки: по користењето на маската, не ја плакнете доволно добро со помош на шампонот. Резултатот е безживотна коса без волумен, која бргу се масти. Доколку косата ви паѓа под прстите, тоа значи не сте ја измиле доволно добро.
Замена за регенератор
Многу дами користат маски наместо регенератор за коса. Всушност, маската би требало да се користи два до три пати месечно, додека регенераторот после секое миење.
Преголема количина на маска
Доколку претерувате со количината маска за коса, таа потешко ќе се мие, а со самото тоа ќе делува безживотно. Количината зависи од должината на самата коса, а максимумот кој се препорачува е ¾ од дланката.
Нанесување на цела глава
Маската за коса не се нанесува на целата глава, туку најмногу на краевите. На самиот корен не му е потребна хидрација, а доколку маската ја нанесувате на темето, таа побргу ќе се замасти.
Недоволно време
Маската е потребно да ја држите на коса минимум 10 минути како би имале ефект. Совет плус: косата подобро ќе впие хранливи состојки доколку ја замотате во пешкир. Топлината се шири низ ќелиите на косата и тие подобро ќе ги впијат состојките од маската.