Вчеравечер Танец и хрватскиот фолкорен ансамбл Ладо одржаа концерт во рамките на престижниот меѓународен фестивал „Охридско лето“, кој беше од хуманитарен карактер.
Концертот „Танец и Ладо под ѕвездите“ беше поздравен со громогласните аплаузи и овации од страна на публиката во Античкиот театар во Охрид.
Ансамбалот сподели фотографии од синоќешниот настан на својата официјална Фејсбук страница.
Хрватскиот ансамбл за народни игри и песни ЛАДО е национален професионален фолклорен ансамбл, кој е основан во 1949 година, кој ја прикажува богатата хрватска музичка и танцова традиција. Брои 38 врвни игрaорци, кои истовремено се и извонредни пејачи.
Пред овој концерт, 26. јули ансамбалите заедно присуствуваа на отворањето на 51-те „Илинденски денови” кое се одржа во Хераклеа.






