Гром уби 16 луѓе на свадба во Бангладеш

Гром уби 16 луѓе на свадба во Бангладеш

пред 3 години

Удар на гром усмрти шеснаесетина луѓе на свадба во Бангладеш, соопштија тамошните валсти. Громот ги погодил гостите додека се обиделе да се заштитат од невремето. Несреќата се случила додека се симињале од брод во град, недалеку од границата со Индија.

Според претставникот на градските власти Сакиб ал-Раби, 16 лица настрадле во период од само неколку секунди. Невестата не била меѓу нив, а младоженецот се здобил со повреди.

Неодамна од монсунските бури кои ги погодија делови на Бангладеш, настрадаа дваесетина лица. Официјалните податоци покажуват дека од 2016 година, од удар на гром, досега загинале 2000 лица. Во мај, во само еден ден умреле 82. За повеќето од жртвите нема официјални информации.

Независно тело оценило дека од почетокот на оваа година, од удар на гром загинале 349 лица. Некои експерти сметаат дека сечата на шуми и причината за сè  поголемиот број на жртви од удар на гром. Во обид да ги ублажи последиците од климатските промени и бројот на жртви од удар на гром, оваа земја во Јужна Азија посадила стотина илјади палми.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top