Дамјан Давков освои сребро и влезе во историјата како добитник од Македонија на Јуниорската олимпијада по информатика

Дамјан Давков освои сребро и влезе во историјата како добитник од Македонија на Јуниорската олимпијада по информатика

пред 2 години

Дамјан Давков, ученикот од Штип,  кого го нарекуваат уште и Питагора освои сребрен медал и влезе во историјата како првиот добитник на оваа награда за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика. Натпреварот се одржува веќе шест години по ред.  Покрај сребрениот медал за Дамјан, олимписка пофалба освоија и Никола Стојковски и Владимир Грчев.

dobivaj vesti na viber

„Македонските тимови при досегашните учества на оваа олимпијада имаат освоено 3 бронзени медали, а успехот на јуниорите ветува дека во иднина ќе имаме и одлични натпреварувачи за интернационалните натпревари на средношколско ниво“, велат од Здружението на информатичарите на Македонија.

„Тимот кој ја претставува нашата земја е составен од учениците Благој Рујаноски Стојановски од Прилеп, Никола Стојковски од Скопје, Дамјан Давков од Штип и Владимир Грчев од Кочани, предводени од лидерите, д-р Миле Јованов и Мартин Динев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)“, велат од здружението.

Македонските информатичари годинава се очекува да настапат и на Балканска олимпијада по информатика, на почеток на октомври, во Букурешт, Романија и Европската олимпијада за девојки во Анталија, Турција во втората половина на октомври.

Share
Scroll to Top