Даниел Крег не сака да им го остави богатството на ќерките: Ослободете се од парите пред да умрете

пред 3 години

Британскиот актер Даниел Крег (53)  откри дека неговите деца нема да го наследат неговото богатство. Крег вели дека „наследството нема никаков вкус“ и најверојатно своите милиони нема да им ги остави на ќерките туку ќе ги донира.

Популарниот Џејмс Бонд има две ќерки, Ела (29) од првиот брак со Фиона Лудон, а во 2018 година доби втора ќерка со сопругата Рејчел Вајс.

Во интервју за списанието „Кендис“, Даниел ги откри своите размислувања за наследството и гобатството што го поседува секој човек.

„Зарем нема стара изрека која вели дека ако умреш како богат човек, не си успеал во животот? Не сакам да оставам големи суми на следната генерација. Мислам дека наследството нема вкус. Мојата филозофија е: ослободете се од парите или донирајте ги пред да заминете“, рече актерот.

Share
Scroll to Top