Да не беше сопругот можеби никогаш немаше да застанам пред камери: Искрено со Билјана Дебарлиева

Да не беше сопругот можеби никогаш немаше да застанам пред камери: Искрено со Билјана Дебарлиева

пред 2 години

Билјана Дебарлиева речиси 30 години е препознатливо лице од телевизијата. Иако како девојка била срамежлива и не мислела дека ќе биде некогаш пред камера, денес не може да замисли да не ја работи оваа професија.

„Ми беше незгодно и во продавница да влезам и да прашам нешто, а не, пак, да сум пред камери. Едно лето се бараа најавувачки на програмата во МРТ. Бевме на журка, па другарка ми ме убеди, а и Јован, тогаш сè уште ми беше дечко, ми рекоа: ајде де, пробај, ништо не губиш. Потоа ми рекоа дека ме сакала камерата и така почна целата приказна“, се сеќава Дебарлиева.

Потоа се редат куп проекти, телевизиски емисии, презентерка на вестите, водител на крстозбор, ангажмани. По многу години во „Канал 5“, веќе два месеца е во ТВ „24“. „Некогаш промените добро доаѓаат“, вели Дебарлиева за одлуката.

Препознатлива по својата смиреност и нежен сензибилитет, на прашањето има ли шанси да се качи на маса кога е во кафеана, низ насмевка вели: „Не, не. На маса нема да се качам, може тоа ептен нешто блиски луѓе да сме, ама и тогаш тешко. Иако јас сакам многу да пеам, сакам да пијам само црвено вино, сакам убава музика, дружби, кога сме собрани друштво. Ако ме прашуваш дали ќе се опијанам, си ја знам границата“, се шегува Дебарлиева.

Иако не е зависна од адреналин, вели џабе, бидејќи колку и да дава отпор, сопругот ја убедува во сите негови адреналински идеи.

“Ние со Јован многу се разликуваме, ама ако бевме исти, немаше да биде интересно. Тој е зборлест и комуникативен. Тој секогаш е омилен во друштвото, сите ги засмејува, а јас сум познатата личност што сите ја знаат, ама него го обожаваат“, вели Дебарлиева.

Зборуваме за бракот, за презимето за кое сите мислат дека ѝ е моминското, за популарноста и за мајчинство. Ни раскажа една поинаква приказна за себе, за предизвиците што ги носи телевизијата, особено кога одат вестите во живо.

„Најтешко ми беше да ја прочитам веста за смртта на Тоше. Немав ни време да се подготвам, сигурно се напив нешто за смирување. “, вели Дебарлиева.

Се кае ли што се омажила млада, им пречи ли на децата нејзината популарност, има ли проблем со килограмите, за детството во Охрид, за школата во МРТ поради која зборува литературно македонски, задоцнила ли на утринската програма, ја плашат ли годините… гледајте го интервјуто.

Александра Георгиев

Share
Scroll to Top