Две жени режисерки првпат во трката за Оскар: Објавени номинациите за најпрестижните филмски награди

Две жени режисерки првпат во трката за Оскар: Објавени номинациите за најпрестижните филмски награди

пред 3 години

Првпат во историјата на Оскарите, две жени се истовремено номинирани во категоријата за најдобра режија: Клои Жао и Емералд Фенел. Претходно, во преку 90 години, во оваа категорија биле номинирани вкупно 5 жени. Жао е прва режисерка со азиско потекло која ја добива номинацијата, но и жена со најмногу номинации во една година, бидејќи така е номинирана и за адаптирано сценарио, за монтажа и за продукција за филмот „Земја на номади“.

„Менк“ на Дејвид Финчер доби најмногу номинации за 93. Оскари. Овој филм е номиниран во 10 категории.

За најдобар филм ќе се борат 8 наслови – „Земја на номади“, „Менк“, „Исус и црниот месија“, „Минари“, „Надежна млада жена“, „Звук на металот“, „Татко“ и „Судењето на чикашките седуммина“.

За најдобра режија се номинирани Клои Жао за „Земја на номади“, Емералд Фенел за „Надежна млада жена“, Дејвид Финчер за „Менк“, Ли Ајзак Чанг за „Минари“ и Томас Винтерберг за „Уште една тура“.

Чедвик Боузман посмртно е номиниран за Оскар за најдобар актер за својата последна филмска улога во „Ма Рејни: Мајка на блузот“, а во оваа категорија се и Ентони Хопкинс за „Татко“, Риз Ахмед за „Звук на металот“, Гери Олдман за „Менк“ и Стивен Јеун „Минари“.

Петте номинирани актерки се Андра Деј за „САД против Били Холидеј“, Вајола Дејвис за „Ма Рејни: Мајка на блузот“, Френсис Мекдорманд за „Земја на номади“, Ванеса Кирби за „Делови од жена“ и Кери Малиган за „Надежна млада жена“.

Доделувањето на оскарите ќе се одржи на 26 април.

Share
Scroll to Top