Британката Хајди Аган веќе десет години патува низ светот и заработува само затоа што е двојничка на принцезата Кејт Мидлтон.
Хајди е еден вид ѕвезда во Велика Британија и живее од својот изглед веќе десет години. Таа купува облека каква што носи Кејт Мидлтон, се шминка како неа, носи сличен накит и иста фризура, а многумина тврдат дека нивната сличност е неверојатна. Пред венчавката на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, познаниците на Хајди постојано и кажувале колку личи на идната принцеза, а потоа контактирала со агенцијата за двојници.
„Кога првпат се случи, бев изненадена од количината на омраза што доаѓаше од луѓето, но сега научив дека е така како што е. Секој има свое мислење“, вели таа.
Оттогаш, таа живее од нејзината сличност со принцезата.
Хајди снима реклами и присуствува на разни настани, а по смртта на кралицата Елизабета има уште повеќе работа откако Кејт Мидлтон стана принцеза од Велс. Поради својот изглед, вели, добила илјадници предлози за брак, но и смртни закани.