Деветгодишно девојче студира на два факултети, има повисока интелегенција од Ајнштајн и сака да стане астронаут во НАСА

Деветгодишно девојче студира на два факултети, има повисока интелегенција од Ајнштајн и сака да стане астронаут во НАСА

пред 5 години

Деветгодишната Адара Перес од Мексико и бил измерен коефициент на интелегенција 162, кој е повисок и од на Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг. За споредба, Ајнштајн и Хокинг имале IQ од 160. Перес завршила гимназија на осум години, а веќе има напишано и книга.

На три години и бил дијагностициран аутизам. Поради тоа често била жртва на врсничко насилство. Нејзината мајка раскажува како нејзините врсници често знаеле да ја заклучат во една куќичка во која таа си играла, а потоа да зборуваат неубави работи и да ја удираат куќичката.

„Тогаш ми кажа дека повеќе не сака да оди во градинка, падна во депресија“, рече мајка ѝ Налели Санчес, која дополни дека нејзината ќерка покажала голем капацитет на четири години кога и го направиле првиот тест на интелегенција.

Мајката ја одвела на терапија, а психијатарот им препорачал да го посетат Центарот за грижа за таленти, каде се извршени различни тестови на интелигенција со резултат од 162.

Денес, деветгодишната Перес студира на два Универзитети и сака да добие две дипломи од системско и индустриско инженерство. И било понудено место за студии по астрономија и на Универзитетот во Аризона.

Таа вели дека нејзиниот сон отсекогаш бил да го научи совршено англискиот јазик и еден ден да стане астронаут во НАСА.

Share
Scroll to Top