Деветте близначиња од Мали, што е единствен случај на светот, го прославија првиот роденден. Сите тие се совршено здрави, изјави за Би-Би-Си нивнот татко.
„Сите лазат сега. Некои и одат по малку ако се придржуваат за нешто“, рече Абделкадер Арби, офицер во војската на Мали.
За бебињата и натаму се грижат во клиниката во Мароко каде што се родија на 4 мај лани. Нивната 26-годишна мајка Халима Сисе исто така е добро.
„Не е лесно, но одлично е. Иако некогаш е напорно, кога ќе ги погледнеш бебињата наредени едно до друго, забораваш на сè“, вели Арби, кој има и тригодишна ќерка.
Бебињата го соборија Гинисовиот рекорд за најмногу деца кои преживеале едно породување.Петте машки и четирите женски бебиња тежеа меѓу 500 грама и еден килограм при раѓањето.