Двејн Џонсон ги купи сите „Сникерси“ од дуќан на Хаваи и им ги плати сметките на сите муштерии

Двејн Џонсон ги купи сите „Сникерси“ од дуќан на Хаваи и им ги плати сметките на сите муштерии

пред 1 година

Американскиот глумец Двејн Џонсон, познат како „Карпата“ ги купил сите чоколади „Сникерс“ од дуќан на Хаваи. Глумецот влегол во трговскиот и ги земал сите производи од познатиот произведувач за благо, само за, како што вели, си ја смири совеста.

dobivaj vesti na viber

Целиот настан го снимил и видеото го објави на „Инстаграм“. Двејн ја исчистил целата полица на која се наоѓале чоколадите, па на каса му требало време на продавачот за да ги изброи. Во видеото Двејн објасни дека на овој начин сака да ја исправи грешката која ја направил додека бил тинејџер.

Рече дека неговото семејство било сиромашно и дека не можел да си дозволи да купи чоколадо кое му давало енергија пред вежбање.

„Конечно го истерав овој чоколаден демон кој ме јадеше со децении. Минатото не можеме да го промениме, како ни глупостите кои ги имаме направено, но, понекогаш можеме да си дозволиме да направиме нешто за да се искупиме за тие ситуации и можеме да измамиме насмевка на лицата на другите“, рече Џонсон.

Освен што ги купи сите чоколади, „Карпата“ ги подмири и сметките на сите купци кои тогаш се нашле во трговскиот. Многу од фановите го пофалија, а други пак се пошегуваа со него.

„Каков одличен гест. Легенда. Аха значи не си земал стероиди туку „Сникерс“. Тоа ти била тајната“, биле некои од нивните коментари.

Share
Scroll to Top