Девојката на Елон Маск се зарази од корона

Девојката на Елон Маск се зарази од корона

пред 3 години

Девојката на Елон Маск, 32. годишната Клер Елиз Бушер, се зарази со кронавирус. Познатата пејачка им откри на фановите за нејзината состојба.

„Конечно добив коронавирус. На некој чуден начин уживам во грозницата предизвикана од лековите“, напишаа таа на „Инстаграм“.

Најбогатиот човек на светот и неговата партнерка, пред половина година добија син, но засега тој не откри дали со бебето X Æ A-Xii се позитивни на ковид. Покрај X Æ A-Xii, Маск има уште пет сина од неговата прва сопруга Џастин.

Пред три дена, Маск стана најбогатиот човек во светот, со богатство поголемо од 185 милијарди долари.

Share
Scroll to Top