Декоративни снегулки - Reporter.mk

Декоративни снегулки – Reporter.mk

пред 3 години

3 јајца
3 лажици шеќер
1 кафена лажица екстракт од ванила
3 лажици масло
6 лажици млеко
2 лажици кокос
5 лажици брашно
2 кафени лажици пециво
100 гр бело чоколадо
1 лажица кокосово масло

Во сад изматете ги убаво со миксер јајцата и шеќер, потоа додадете ги екстрактот од ванила, маслото, млекото, кокосот, брашното и пецивото. Матете уште неколку минути за да добиете еднолична смеса

Смесата ставете ја во калап со фигури – снегулки и печите на 180 степени околу 10 минути.

Белото чоколадо со кокосовото масло растопете го на пареа, па прелијте ја секоја снегулка со растопеното чоколадо.

 

Share
Scroll to Top