Денот во 2020 година бил пократок, затоа што Земјата се вртела побрзо

Денот во 2020 година бил пократок, затоа што Земјата се вртела побрзо

пред 3 години

Минатата година забележани се 28 најбрзи денови мерени од 1960 година. Тоа е затоа што нашата планета се вртела околу својата оска неколку милисекунди побрзо од просекот, велат научниците.

Тие велат дека тоа не треба да не загрижува. Вртењето на Земјата околу својата оска малку варира, затоа што на неа влијаат промените од атмосферскиот притисок, ветриштата, океанските струи и вртењето на јадрото.

Ваквото зголемување или намалување на брзината, може да биде незгодно единствено за оние кои се занимаваат со ултрапрецизни атомски часовници, кои го мерат Координирано светското време (UTC), според кое ние сите правилно ги местиме нашите часовници.

Кога ротацијата на Земјата ќе отстапи од UTC, за повеќе од 0,4 секунди, тогаш UTC почнува да се прилагодува. Досега во текот на прилагодувањето, повеќепати биле додавале „престапни секунди“, во периодот на јуни или декември, за да UTC се усогласи со астрономското време.

Односно, до неодамна, вкупниот тренд на ротација на Земјата, се забавувал од почетокот на прецизните сателитски мерења правени на крајот на 1960-те години и почетокот на седумдесетите години.

Од 1972 година, експертите секоја година додавале престапна секунда. Последното такво прилагодување било направено во 2016 година, кога на новогодишната ноќ, во 23 часот, 59 минути и 59 секунди, била додадена една „престапна секунда“, пишува Live Science.

Но, минатата година работите биле поинакви и сега научниците првпат размислуваат да одземат секунда од UTC. Денот во просек трае 86.400 секунди, но астрономскиот ден во 2021 година, во просек ќе биде пократок за 0,05 милисекунди.

На крајот на годината би можело да се работи за заостанување од 19 милисекунди.

„Ако стапката на ротација на Земјата се забрза, сосема е можно да биде потребна негативна престапна секунда. Засега е прерано да се говори дали тоа навистина ќе се случи“, изјавил за The Telegraph, физичарот Питер Виберли, од институтот National Physics Laboratory во Велика Британија.

На меѓународно ниво се расправало за иднината на престапните секунди. Можно е да потребата за негативна престапна секунда, ја поттикне одлуата за комплетно се укине престапната секунда, додал Виберли.

Астрономски гледано, Земјата минатата година 28 пати го соборила претходниот рекорд на најкраткиот астрономски ден, поставен во 2005 година. Најкраткиот ден таа година се случил на 5. јули, а нашата планета тој ден свртела околу оската за 0.0516 милисекунди побрзо од просечните 86.400 секунди. Најкраткиот ден во 2020 година се случил на 19. јули, кога планетата ја завршила својата ротација за 1.4602 милисекунди побрзо од просекот.

 

 

 

Share
Scroll to Top