Десет најсекси машки топ модели на сите времиња

Десет најсекси машки топ модели на сите времиња

пред 2 години

Американското списание „Есквајар“ неодамна направи листа на десетте најсекси машки топ модели на сите времиња.

Маркус Шенкенберг

Во 1990-те години Маркус, заедно со Наоми Кемпбел, Клаудија Шифер и Стефани Сејмур, беше присутен на модните ревии и во рекламите на „Версаче“ и „Долче и Габана“. Сите брендови за долна облека сакаа да работат со него, бидејќи Шенкенберг имаше совршено тело. Во средината на 1990-те одигра неколку филмски улоги. Иако се повлече од модата, се врати за да го промовира сопствениот парфем.

Дејвид Ганди

Рејтингот за британскиот модел е огромен, а многумина денес го нарекуваат најдобар машки модел. Тој е заштитно лице на „Долче и Габана“, ги рекламира нивните парфеми. Жените велат дека е нереално да биде толку совршен.

Џон Кортахарена

Шпанскиот модел последните години е постојано дел од листата а магазинот „Форбс“ за најубави и најплатени модели. Снимаше за многу познати брендови меѓу кои „Кавали“, „Версаче“, „Армани“, „Трусарди“, „Дизел“ и други.

Тајсон Бекфорд

Американецот Тајсон Бекфорд пред повеќе од 20 години беше откритие на машка мода. Го нарекуваа машка верзија на Наоми Кемпбел. Во 1995 година, Бекфорд беше прогласен за „Личност на годината“ на  музичкиот канал VH1 и за еден од педесетте најубави луѓе на светот. Денес има 47 години и изгледа сосема исто како и на почетокот на кариерата.

Шон О’Прај

Во 2006 година Шон учествуваше во шоуто „Следниот американски топ модел“. Модната индустрија го сака, а Тејлор Свифт и Мадона го ангажираа за своите музички спотови. Денес има договори со „Диор“, „Пол Смит“, „Том Форд“, „Џорџо Армани“ и „Х&М“.

Maтијас Лаурдсен

Модни скаути го забележале Матијас на улиците на Копенхаген кога имал 19 години. Иако текот на животот имал комплекси поради лузната на неговиот лев образ, модната индустрија од тоа направи моден бренд. Денес работи за Карл Лагерфелд, а е лик и на брендови како „Луј Витон“, „Хуго Бос“ и „Хермес“.

Марк Вандерло

За Марк велат дека со возраста станува уште посекси. Неговата кариера започна во 1990-те години и набрзо стана заштитен лик на „Келвин Клајн“ и „Хуго Бос“. До 2012 година беше на второто место на листата „Топ машки модни икони“ на сајтот models.com, но падна на четврто место.

Бред Кронинг

Американскиот модел Бред Кронинг веќе неколку години рекламира облека за „Шанел“ и „Фенди“ и е машка муза на креаторот Карл Лагерфелд. Лагерфелд и Бред се толку добри пријатели што познатиот дизајнер е кумот на синот на Бред, Хадсон.

Ноа Милс

34-годишниот канадски модел Ноа кариерата ја започна во 2003 година, кога една од неговите сестри ги испратила неговите фотографии во модна агенција во Ванкувер. Вистинската популарност доби по фотосесијата со познатата манекенка Наталија Водјанова за „Келвин Клајн“.

Eвандро Солдати

Евандро е од Бразил. Неговата кариера започна во 2001 година, а по 7 години стана еден од најуспешните машки модели. Покрај учеството во промотивни кампањи и емисии, Евандро настапувал и во спотоа за песната „Алехандро“ на Лејди Гага. Има договори со „Армани џинс“, „Валентино“, „Долче и Габана“ и „Гес“.

Share
Scroll to Top