Српската пејачка Сања Вучиќ, членка на групата „Хурикејн“, во едно скорешно интервју откри дека била жртва на врсничко насилство, бидејќи била дебело дете. Таа раскажа дека на училиште децата постојано ја нарекувале со погрдни имиња. Најчесто ѝ се обраќале со зборовите „свиња дебела“, па Сања призна дека тие навреди ја болат и денес.
„Бев прилично крупна како дете, дебела, и затоа се повлеков во себе. Не сакав да се истакнувам и да го привлекувам вниманието на луѓето. Децата ме задеваа и ми нарекуваа со разни погрдни прекари. Ми велеа дека сум ‘дебела свиња’. Поради тоа, страдав длабоко во себе, ме болеа сите тие навреди. Порано децата беа навистина сурови, но сега се уште полоши. Тие се газат едни со други и имаат кланови. Мило ми е што не растам во ова време“, рече пејачката.
Сања, која со „Хурикејн“ годинава ја претставуваше Србија на Евросонг, вели дека по навредите, секогаш бегала во детската соба за да се скрие од реалноста.
„Страдав во себе и се заклучив во соба. Кога бев навистина дебела, останував во моите четири sида и плачев таму со часови. Често ми се случуваше штом се вратам од училиште да легнам и да не излегувам до утредента. Јас бев само тажна во тоа време од мојот живот. Во петто или шесто одделение како тинејџер, сè влијаеше на мене. Единствено што ми се допадна во тоа време беше јадењето. И сега обожавам храна, но сепак се контролирам. Во основно училиште, се прејадував, можев да го изедам целиот леб сама, плус сè друго. Не се сеќавам колку тежев, но бев навистина дебела. Мајка ми постојано ми велеше да не јадам толку многу, но залудно беше плачев кога не сакав да престанам. Таа се обиде да ми го одвлече вниманието, па ме испрати на странски јазици, но никогаш на спорт. Можеби погрешила, бидејќи кога детето е активно, тогаш е фит и не е дебело“, вели пејачката.
Таа во интервјуто раскажа и како успеала да ослабе.
„Со текот на времето го намалив прејадувањето. Се извишив така што дебелината веќе не ми се забележува. И сега се дебелеам, но внимавам што јадам и генерално сум задоволна од тоа како изгледам. Сфатив дека најважно е да се елиминира лебот од исхраната. Јадев цел леб за ручек. И денес сакам да јадам многу, но за среќа, научив да се контролирам“, вели таа.