Децата од серијалот „Дајте музика“ ќе ја преставуваат Македонија на јуниорскиот Евросонг 2021

Децата од серијалот „Дајте музика“ ќе ја преставуваат Македонија на јуниорскиот Евросонг 2021

пред 3 години

Децата од серијалот „Дајте музика“ ќе ја преставуваат Македонија на Јуниорскиот Евросон.
Песната со која ќе се претстави нашата земја ќе биде избрана и промовирана во следните неколку месеци. На неа ќе работат композитори кои веќе соработуваат во проектот и добро ги познаваат вокалните и артистичните капацитети на децата од шоуто., соопштија од МРТВ.

Оваа година,  МРТ реши да го искористи правото на интерна селекција и избор на претстaвник на оваа престижна манифестација, согласно со актуелната состојба од пандемијата на Ковид-19 и воведувањето на новите заштитни мерки и протоколи.

„Дајте музика“ е копродукциски проект на Македонската телевизија, кој е еден од најпопуларните и најгледани телевизиски програми за деца кај нас. Во него, главни протагонисти се токму групата мошне талентирани актери и пејачи кои за кусо време станаа идоли на новата генерација. Со продукција на повеќе од 80 песни, на кои веќе три години работат дел од најпознатите македонски композитори, со издадени два албума (ЦД), милионски прегледи на музичките платформи на нивните нови детски хитови, проектот „Дајте музика“ се вбројува во една од најуспешните музичко-забавни детски програми што ги освои симпатиите на публика.

За потсетување, оваа година 19. издание на Јуниорскиот Избор за Песна на Евровизија ќе се одржи на 19-ти декември во спектакуларната концертна сала „La Seine Musicale“, во градот на светлината, Париз, по победата која Валентина и ја донесе на Франција, а францускиот Национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма. Секако, со директен пренос на програмите на Македонската радио телевизија.

Share
Scroll to Top