Празнувањето на католичкиот Велигден голем број познати ѕвезди го поминаа во кругот на своите најблиски, при што не изоставија да ги споделат нивните среќни моменти на социјалните мрежи.
Облечени во костими на зајак, зајачки уши или во друштво на маскота зајак, славните ликови споделија дел од приватноста. Фокусот на светските ѕвезди за велигденските празници беше во духот на традицијата за „лов на јајца“.
Мадона
Позираше со нејзините четири деца, сите максирани со зајачки уши.
Рис Витерспун
Велигден го прослави со својот сопруг, во целосен зајачки аутфит.
Клои Кардашијан и Тру Томсон
Таа ја покажа потрагата по велигденски јајца на нејзината ќерка.
Кајли Џенер и Сторми Вебстер
Основачката на „Кајли Козметикс“ празникот го прослави со нејзината 4-годишна ќерка и нејзиното пошироко семејство.
Блејк Шелтон и Гвен Стефани
Брачната двојка која се венчаше во јули минатата година, сподели селфи каде Шелтон е облечен во костим на зајак.
Дејвид Бекам
Објави фотографија како споделува морков со неговиот домашен миленик.