Дина Јашари е помеѓу деветте финалисти за „ХЕМИ“ музичката награда

Дина Јашари е помеѓу деветте финалисти за „ХЕМИ“ музичката награда

пред 2 години

Македонската кантавторка и пејачка Дина Јашари е помеѓу деветте финалисти на годинашните „ХЕМИ“ Музички награди. Финалистите во овој избор пристигнуваат од 9 држави од Централна и Југоисточна Европа: Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Македонија, Полска, Романија, Србија и Словенија.

Деветте „ХМА“ финалисти биле избрани од вкупно 27 музички изведувачи кои беа номинирани во првата фаза на наградите. За финалистите одлучуваа гласовите на „ХЕМИ“ меѓународното жири во кое членуваат претставници на фестивали и изложбени конференции, музички сали, букинг агенции, музички асоцијации, институции за музички експорт и музичките медиуми.

„ХЕМИ Музички Награди – ХМА“ е талент – програма за изведувачи кои се спремни да ја развијат својата кариера и да освојат нов меѓународен пазар и публика.

„ХМА“ се организирани од Центарот на европската мрежа за размена на музички иновации – „ХЕМИ“, европска инцијатива кофинансирана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија, која се стреми да ги поддржи уметниците и професионалците од музичката индустрија во Чешка, Естонија, Македонија, Полска, Романија, Србија и Словенија.

Share
Scroll to Top