Дина Јашари и Мирко Попов ќе настапат на музичкиот фестивал „Земјотрес“ во МКЦ

Дина Јашари и Мирко Попов ќе настапат на музичкиот фестивал „Земјотрес“ во МКЦ

пред 2 години

Во Младинскиот култуерен центар по 11-ти пат ќе се одржи музичкиот фестивал „Земјотрес“. Фестивалот има за цел промоција на нова домашна независна музика.

„Изминативе 10 години низ фестивалот минаа речиси сите релевантни домашни автори, кои ја создаваат музиката на ова време. Земјотрес растеше, се дефинираше и јасно манифестираше поента: љубов кон музиката, одговорност кон културата, грижа замалдите генерации“, велат од МКЦ.

Музичкиот фестивал „Земјотрес“ ќе се одржи на 4-ти февруари, при што на три бини ќе настапат повеќе од 20 музички имиња.

Помеѓу најавените изведувачи кои ќе настапат на 11-тиот „Земјотрес“ се Дина Јашари и Другари, Мирко Попов, Горан Кан, Бодан Јамакоски, Фулиш Грин и уште многу други современи и млади музичари.

Цената на влезниците се движи од 300 до 450 денари.

Share
Scroll to Top